„Прашање г-не Ахмети, прашање….“
Многу прашања останаа неодговорени откако првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, по прес-конференцијата побегна од говорницата во седиштето на неговата партија, игнорирајќи ги барањата на новинарите да му поставуваат прашања кои се во интерес на јавноста.
Неодговорено остана и прашањето зошто премиерот на Косово при посетата на Македонија не се сретна со претставници на власта, особено со претставници на ДУИ. Курти во Македонија беше пречекан од опозицискиот фронт во Македонија, но не и од ДУИ.
Точно четири дена подоцна, тој го испратил неговиот министер за транспорт и врски, Либурн Алиу, да го промовира значењето на патот Тетово – Призрен, пат кој самиот го промовираше додека беше во посета на тетовското село Вејце заедно со Биљал Касами. А за тие организирани настани во Тетово и Чаир имаше многу реакции од централната власт, па дури и беа поднесени прекршочни пријави против градоначалниците на двете општини.
Ахмети по средбата со Алиу рече дека владините тимови сериозно работат на овој проект тоа за што побрзо да се заврши проектирањето, а работите да почнат што поскоро.
„Во рамките на таа посета секако дека посебно внимание и беше посветено и на патот Тетово – Призрен, кој има економско значење за двете држави бидејќи ќе го олесни движењето. А движењето овозможува поразвиена економија, по унапредена и верувам дека меѓу владините тимови сериозно и активно се занимаваат со тоа прашање со цел проектот што поскоро да се затвори и тоа да се случи што поскоро“, вели Али Ахмети.
Министерот за транспорт и врски на Косово, Либурн Алиу, рече дека двете држави се во фазата на финансиски договор за реализирање на проектот и дизајнирање на тунелот.
„За овој пат веќе имаме физибилити студија која е реализирана од РСМ. Сега сме во фаза на финансискиот договор за реализација на проектот, дизајнот и за заедничкиот тунел и потоа ќе преминеме во фаза на целосна реализација на овој проект“, вели Либурн Алиу.
Само што заврши прес конференцијата, новата партија на Изет Меџити излезе со реакција. Од оваа партија велат дека ДУИ се обидува да го присвои проектот, а додаваат дека патот Тетово – Призрен ќе биде реализиран, но не додека ДУИ е на власт.
„Проектот на патот Тетово Призрен, заедно со тунелот е дамнешна идеја. Тоа е важна не само национална артерија, туку и меѓународна. Во последно време се актуализираше, посебно кулминираше со посетата на премиерот на Косово, Албин Курти, во Скопје и Тетово, кој зборуваше и за важноста на овој пат кој поврзува две градови со историско значење. Патот секако дека ќе биде направен, но не со ДУИ, која, нешто што е и очекуване, се обидува да го присвои како партиски проект“, велат од Демократското движење.
Инаку овој прект првично беше најавен од екс градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. Зближувањето на двете земји преку овој пат ќе помогне и во развојот на туризмот бидејќи двете земји ги дели Шар Планина.
