Курти: Не постои можност за дестабилизација на ситуацијата – „Тие што зборуваат за насилство и тензија, зборуваат за себе, а не за нас“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Премиерот на Косово, Албин Курти, пак, изјави дека не постои можност за дестабилизација на ситуацијата поради почетокот на примената на одлуката за реципроцитет со Србија во врска со примената на документите. Тој објасни дека на граѓаните на Србија кои влегуваат на Косово ќе им биде додадена посебна декларација која, додека престојуваат во Косово, ќе биде замена за нивните лични документи.

„На политичката сцена има многу политичари и официјални лица кои се лидери со страв и заплашување. Мирот, демократијата, правната држава немаат алтернатива, па сакам, верувам и работам на тоа утре се да помине без проблем“Србија веќе 11 години отстапува исто со секој граѓанин на Косово кога ќе ја премине границата и ќе влезе во Србија. Нема место за напнатост, нема можност за дестабилизација бидејќи се работи за нешто што е легитимно и легално. Тие што зборуваат за насилство, блокади, дестабилизација и тензија, зборуваат за себе, а не за нас“, вели Албин Курти.