„Премиерот Димитар Ковачевски ги негираше информациите дека ќе добие функција во техничката влада. Тој рече дека ќе и се посвети на предизборната кампања на СДСМ и коалицијата што ќе ја предводи СДСМ. Тој очекува разбирање од сите партии и во недела да гласаат за техничката влада“, вели репортерот на ТВ21.
Премиерот на Косово исто така го коментираше вклучувањето на неговата партија на изборите во Македонија. Курти вели дека неговата партија Самоопределување не е формирана како субјект во Македонија и така не може да учествува на изборите.
„Движењето Самоопределување не е регистрирано во Северна Македонија. Ние имаме активисти, имаме и службеници на нашиот политички субјект во Косово кои доаѓаат од Северна Македонија меѓутоа овде немаме регистриран центар на Самоопределување. Затоа и ние како Самоопределување нема да учествуваме тука. Јас посакувам да има што поголемо учество на изборите бидејќи тоа допринесува за демократијата“, порача Албин Курти.
Во врска со најавите дека О Брајан ќе бара од албанските политички партии да потпишат Нон пејпер дека нема да соработуваат со партии кои нема да ги спроведат уставните измени во првите шест месеци на новата влада по изборите, О Брајан вели дека нема е запознаен со такво барање. Меѓутоа како што истакна, сите партии треба да покажат која е нивната воизија.
„Ми кажаа дека некој ќе праша за нон пејпер, јас не знам за нон пејпер. Останувам на тоа што го кажав во ноември истото го кажувам и сега. Мислам дека граѓаните на РСМ треба да одлучат за патот понатаму. Мислам дека една партија предложи за патот за понатаму и сигурно има критики, бидејќи има некои луѓе кои го сакаат или не тој начин. Мислам дека една друга партија вети дека ќе најде начин аза патот понатаму, но сетам дека е искрено кон граѓаните, да ја прашаат таа партија да го стави пред себе нон пејперот објаснувајќи која е нивната визија а потоа да одлучите меѓу визијата што ја знаете и нешто што ви е ветено“, порача О’Брајан.
Инаку средбата меѓу лидерите започна синоќа во Скопје во рамки на лидерската средба на Западен Балкан и претставниците на ЕУ и САД.
