Курти со честитка до Мицкоски: Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и сојузници и блиски партнери

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот на Косово, Албин Курти упати честитка до Христијан Мицкоски за новата функција, и напиша дека Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и сојузници и партнери.

„Честитки до Христијан Мицкоски за изборот за премиер на Република Северна Македонија. Косово и Северна Македонија не се само соседи, туку и блиски сојузници и партнери. Од патот Призрен-Тетово, до одбраната и безбедноста, со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи, порача Курти.