Кузманов: Македонија треба внимателно да ги следи процесите околу „одборот за мир“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Во гостување во „Клик Плус“ на ТВ21, д-р Златко Кузманов, претседател на Центарот за истражување и безбедност (ЦИБ), оценува дека Македонија мора со претпазливост да ја следи новата иницијатива на Доналд Трамп за формирање „одбор за мир“, но и да се раководи од сопствените национални и безбедносни интереси пред да донесе било каква политичка одлука.

– Македонија е мала држава, но е членка на НАТО и тоа подразбира обврска, но и одредено ниво на усогласеност со поголемите партнери. При тоа, секоја нова иницијатива треба да се разгледа низ призма на националните интереси и на долгорочната стратегија на државата, истакна Кузманов.