Квалификации во Лигата на Европа: Шкендија и Ренова минаа понатаму, Шкупи елиминиран

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Тетовските прволигаши Шкендија и Ренова се пласираа во следната фаза од квалификациите во Лигата на Европа, со денешните победи, додека Шкупи е елиминиран по поразот од Нефчи (Азербејџан).

Нефчи со 2:1 го совлада тимот од Чаир, и го елиминираше од европските натпреварувања. Тимот од Азербејџан поведе со 2:0 со головите на Богрин и Кривостјук, а на крај преку Дарбо македонскиот тим само успеа да намали.

Шкендија, пак, со 2:0 го порази тимот на Сумгаит од Азербејџан. Головите ги постигнаа Бесарт Ибраими и Љупче Дориев, и двата од пенал во второто полувреме.

Тимот на Ренова, пак, беше поуспешен од ерменски Алашкерт, и го победи со 0:1. Стрелец на голот беше Мишковски со глава по нафрлен корнер во 58. минута.

Сите наши тимови играа како гости. Поради пандемијата од коронавирусот, се игра само по еден натпревар.