Квалификации за Лигата на шампионите: Шкендија во Словенија брка негатива од еден гол

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Македонскиот фудбалски првак Шкендија вечерва од 20 часот го игра реванш дуелот во 1. квалификациско коло од Лигата на шампионите против Мура од Словенија.

Словенечкиот првак има предност од првиот меч со 0:1 со гол од пенал, но Шкендија покажа дека може да се носи со противникот (промаши пенал и уште неколку добри прилики за подобар резултат).

Затоа од тетовскиот тим се надеваат дека ќе успеат денеска да ја надополнат негативата. Им треба победа од еден разлика за евентуални продолженија, или над еден разлика за да минат во следната фаза.

За потсетување дека од сезонава не важи повеќе правилото гол во гости, односно доколку Шкендија победи со 1:2 или 2:3, тогаш се оди во продолжениија.