Две нерешени, една победа. Нерешено против Белгија, фанстастичен резултат, следува дуел против Казахстан. Подобар старт на квалификациите за СП не можевме ниту да посакаме. Меѓутоаа оној успех 1:1 против Белгија во Скопје нема веројатно ништо да значат доколку не се забележи позитивен резултат утре на Астана Арена. Такви се најавите од таборот на националниот тим на Македонија. Впрочем, очекуваат позитивен резултат, иако во најавите на прес конференцијата пред овој дуел, во изјавите и квалификациите дадени за противникот. Да проследиме дел од изјавите дадени на прес конференцијата.
-За мене, после утакмицата со Белгија, кога влегов во соблекувалната, ок, извадивме позитивен резултат, се израдувавме, и од тој момент јас мислам на Казахстан. Јас мислам дека јас и моите соиграчи треба да бидеме дисциоплнинирани и фокусирани на следниот натпревар, изјави Столе Димитриевски, репрезентативец голман.

-Многу работи ќе зависат од денешниот тренинг. Пред два дена имавме тежок натпревар. Сакаме да видиме во каква состојба на физички план и емотивен план фудбалерите, па дури потоа ќе донесеме одлука. Пак би рекол, тоа што дава резултат не би го менувале, изјави Роберт Стојановски, прв асистент на селекторот Милевски.
Натпреварот се игра утре со почеток во 16 часот по македонско време. Селекторот Благоја Милевски не можеше да присуствува на прес конференцијата поради два жолти картони на два последователни меча и беше суспендиран. Не се очекува да има некои промени во нашиот состав, а секако јавноста во нашата држаава очекува да се повтори играта против Белгија и очекува победа. Веројатно во зависност од резултатот помеѓу Велс и Белгија, би можеле од Астана да се вратиме со прво место.
Известува од Астана, Казахстан, Един Растодер ТВ21
