Лице кое што е вработено на Детската клиника за детски болести во Скопје е позитивно на коронавирус, информираше министерот за здравстве Венко Филипче на редновна прес конференција.
„Случајот е изолиран, епидемиолозите направија анализа и 4 од 18 вработени им е препорачана изолација за време на работата користена е целосна заштитан опрема“, потенцираше Филипче.
Двете мали бебиња кои се и најмали пациенти во Македонија заразени со коронавирус се стабилни и со добра клиничка слика.
