Мирослав Лабудовиќ, заменик министерот за енергетика, во емисијата Бизнис21 на ТВ21 вечерва рече дека не очекува да има промена на цената на струјата на крајот на годината.
„Се прават анализи, што ќе се случува не можам да дадам коментар да не има некакво влијание врз Регулаторната комисија, затоа што целта е на регулаторот да биде растеретен од било какви влијание и да донесе најдобра цена за граѓаните. Како министерсртвото со различни проекти можеме да влијаеме со страгетии, проекти да влијаеме во цената на прозиводтво на енергија. Во друго не, како ќе се движат работите, верувам и очекувам да немаме пораст на цената на струјата.“, изјави Лабудовиќ.
