Лајчак: Договорено е Белград и Приштина да го продолжат дијалогот во понеделник

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот помеѓу Белград и Приштина Мирослав Лајчак, после состанокот со преговарачите во Брисел, објави дека има договор дијалогот да продолжи во понеделник, 25. март.

Лајчак на социјалните мрежи напиша дека со преговарачите Петар Петковиќ и Бесник Бислими разогварал за спроведување на Договорот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, како и за други прашања, вклучивајќи ги последиците на последната одлука да биде укинат динарот во Косово, и еврото да стане единственото средство за готовинско плаќање.