Латас ослободен од обвиненијата во случајот „Тотал“ – Обвинителството се повлече, предметот, конечно, затворен

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новинарот Драган Павловиќ – Латас е ослободен од обвиненијата во случајот „Тотал“, откако јавниот обвинител се повлече од обвинението. Со оваа одлука, Кривичниот суд го одби обвинението и предметот е конечно затворен. Од Кривичниот суд информираа дека предметот, отворен во 2017 година од поранешното Специјално јавно обвинителство, а подоцна преземен од Основното јавно обвинителство Скопје, неколкупати бил вратен на повторно судење поради промените во надлежностите меѓу обвинителствата.

Според обвинителот, по анализата на финансиското вештачење било утврдено дека за две од компаниите опфатени со предметот не постојат елементи на кривичното дело даночно затајување. Во меѓувреме, за уште една компанија, како и за самиот Латас, кривичното гонење застарело. Судската одлука станала правосилна на 25 јуни 2026 година. Случајот „Тотал“ се однесуваше на обвиненија за избегнување плаќање данок во периодот од 2008 до 2015 година, преку компаниите „Тотал Маркетинг“ и „Тотал Медиа Центар“.