„Лавров доаѓа во ОБСЕ, не во Македонија“, летот е дозволен во бугарски воздушен простор

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Лавров доаѓа во ОБСЕ, а не во Северна Македонија, вака министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој е и шеф на ОБСЕ, одговори за доаѓањето на рускиот министер Сергеј Лавров на 30. министерски состанок на ОБСЕ.

-Затоа што нагласив, нивното доаѓање не е во национално својство, тие не доаѓаат во билатерална посета-рече Османи.

ТВ21: Разбирам, доаѓаат како ОБСЕ.

-Доаѓаат во ОБСЕ, случајно Македонија е претседавач годинава и затоа тука е организиран министерскиот совет. Политичката одлука е донесена, сите да сме тука-изјави Османи.

ТВ21: Вклучен е и г. Лавров, Вие му ја испративте поканата. Дали тој одговори дека доаѓа?

-Точно. Сега има само некои технички прашања, како што се визите и прашањето за летот-изјави Османи.

Во оваа насока, од Министерството за надворешни работи на Бугарија потврдија дека дале дозвола за лет на специјалните воздухопловни сили „Русија“ во воздушниот простор на Република Бугарија.

„Овластувањето за дипломатски лет е привремено и важи 3 часа пред и 72 часа по закажаниот датум и време на летот. Дозволата дадена за учество на состанокот на Советот на министри на ОБСЕ во Скопје ја доби министерот за надворешни работи на Руската Федерација Сергеј Лавров и спаѓа во исклучоците од примената на режимот на санкции на ЕУ против него.“, стои во соопштението на Министерството за надворешни работи на Бугарија.

Но, дадената дозвола не се однесува на членовите на неговата делегација, кои се и санкционирани лица, според важечкиот закон на ЕУ, што експресно е наведено во забелешката на бугарската страна, се наведува во соопштението на бугарското МНР.

Инаку, според министерот Османи, овој министерски состанок на ОБСЕ е многу важен бидејќи ќе се одлучи дали оваа организација за безбедносна и меѓурегионална соработка ќе продолжи да постои или не.