Одсуството од одговори на предлозите на Русија од страна на НАТО, покажува дека Алијансата не е подготвена да соработува со Русија, рече шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
„Разговаравме за нашиот дијалог со државите членки на НАТО за прашањата околу безбедноста, засилување на довербата и обелоденивме какви предлози дадовме на НАТО за разработка пред повеќе од една година, а никогаш не добивме одговор“, рече Лавров.
