Лавров: Нема докази дека Иран развива нуклеарно оружје, приоритет е прекин на непријателствата

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека сè уште нема докази дека Техеран развива нуклеарно оружје, што беше главното, ако не и единственото, оправдување за војната и дека приоритет е итно прекинување на непријателствата.

„Постои потврда и од МААЕ и од американските разузнавачки експерти. Потврда дека Иран не произведел ниту се обидел да произведе нуклеарно оружје“, рече тој на прес-конференција со вториот министер за надворешни работи на Брунеи, Ериван Јусоф, пренесува ТАСС.

Во конфликтот на Блискиот Исток, прв приоритет е да се запре секоја воена акција што резултира со цивилни жртви, рече Лавров.