Лавров: Русија е подготвена да склучи договор за прекин на војната во Украина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денес изјави дека Русија е „подготвена“ да постигне договор за прекин на војната во Украина.

Американскиот претседател Доналд Трамп „зборува за договор и ние сме подготвени да го постигнеме, но некои специфични елементи сè уште треба да се разработат“, рече Лавров во интервју за американската телевизиска мрежа Си-Би-Ес.

Лавров додаде дека постојат неколку знаци дека се движат во вистинската насока.

Преговорите за прекин на војната во Украина наидоа на пречки како што е решавањето на статусот на црноморскиот полуостров Крим.

Запрашан за нов бран напади врз Украина, во кои загинаа најмалку 12 лица во Киев, а десетици други беа повредени, Лавров рече дека Русија ги таргетира „само воени цели или цивилни локации што ги користи војската“.