Лажни полицајци изнудуваат пари од охриѓани? – Анета раскажува како ги измамиле и преплашиле нејзините родители

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Феноменот што се случи во Охрид ги вознемири охриѓани, особено повозрасните. Измамниците лажно се претставувале како полицајци и изнудувале пари од граѓаните. Тие целат на семејства, им јавуваат дека член од нивното семејство предизвикал несреќа со жртви и им бараат пари со изговор да ги спасат од затвор. Жртва на ваквите “полицајци“ биле и родителите на Анета од Охрид.

Измамниците од нив побарале поголема сума пари.

Родителите на Анета шокирани од телефонскиот повик, извадиле пари за да дадат, но во тој момент Анета се вратила дома.

Анета веднаш го пријавила случајот во полиција од каде дознала дека во изминатиот период се случиле и други вакви измами. Од СВР Охрид велат дека се прави се за наоѓање на измамниците. Полицијата апелира до граѓаните, особено до повозрасните, да не потпаѓаат на ваквите измами преку повици од непознати лица и секој атаков случај да го пријават на телефонскиот број 112 или во најблиската полициска станица.