Лажно се претставил како државен службеник и измамил скопјанец за 28.700 евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Синоќа во СВР Скопје, маж од скопско пријави дека во временскиот период од 12.11.2024 до 12.01.2025 од едно машко лице бил измамен за сума од околу 28.700 евра.

Според пријавеното, пријавителот во занаетчиски дуќан во Скопје го запознал лицето, кое му се претставило како службеник во државна институција и му кажало дека преку свои пријатели може да му помогне на пријавителот да го врати претходно запленетиот златен накит, но за тоа морал да плати.

Пријавителот му ги дал парите, но подоцна сфатил дека бил измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.