Легендарната велосипедска трка Џиро Д’ Италија идната година ќе се вози и околу Охридското Езеро?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Една етапа од легендарната велосипедска трка Џиро Д’ Италија ќе се вози и околу Охридското Езеро, од албанска страна, пишуваат медиумите во Италија.

Организаторите на оваа трка планираат првите три етапи да се возат во соседна Албанија, а потоа со брод возачите да се селат во Италија.

Велосипедската трка идната година ќе се вози по 108-ми пат, и почнува на 9. мај 2025, и завршува на 1 јуни во Рим. Рутата официјално ќе биде позната на 12 ноември, но се поизгледни се шансите првите три етапи да се возат во Албанија, а со тоа и еден дел од трката да биде околу Охридското Езеро кое припаѓа на територијата на Албанија.