Министерот за јавни инвестиции и претседател на Извршниот одбор на СНС, Дарко Глишиќ, ненадејно доживеа мозочен удар утрово додека гостувал во утринска програма.
Глишиќ не можеше да го заврши своето гостување, па програмата беше прекината.
Тој беше префрлен во болница, каде што пристигна и српскиот претседател Александар Вучиќ.
Глишиќ веднаш бил опериран, и префрлен во шок соба. Според информациите од лекарските екипи, следните 24 часа се клучни.
Министерот за здравство, Златибор Лончар истакна дека состојбата на Глишиќ е животозагрожувачка, и дека престои голема борба.
„Тој беше донесен во многу лоша состојба, без свест. Најважно е дека со операцијата го направивме она што го посакуваме. Исклучително комплицирана операција. УТврдено е дека станува збор за мозочен удар, но не беше едноставен, туку се оштетени крвни садови, од кои едниот беше целосно блокиран. Тој и натаму е во сериозна состојба. Се уште е на респиратор. Поради постапката ќе биде интубиран и на респиратор барем до утре“, изајви Лончар.
