Лекот Фавипиравир неделава пристигнува во македонските аптеки

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лекот Фавир, со генеричко име Фавиправир, до крајот на неделава ќе биде достаен во македонските аптеки. Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност за лекување на пациентите.

„Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид-19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот, Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите“, велат од Малмед.

Овој лек се користи за лекување од одредени форми на Ковид-19, но пациентите нема да можат да го земат на своја рака, туку исклучиво врз основа на рецепт по препорака на лекар.

Неодамна министерот за здравство Филипче изјави дека во нашите болници има доволни количества на лековите ремдесивир и фавипивир, но и други потребни медикаменти со кои се третираат болните од ковид. Тие се даваат само во болнички услови и кај одредени форми од болеста, по клиничка слика.