“Ленин“, “Маршал Тито“, “Кирил Пејчиновиќ“, “29 Ноември“ и “Благој Тоска“ се само неколку од имињата на улиците и училиштата во Тетово. Иако беа сменети во 2007, овие имиња се уште се користат од страна на централната власт. Дали ќе има политичка волја меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Движење Беса овие имиња да заминат во историјата? Градоначалникот, Биљал Касами вели дека следниве денови ќе разговараат за ова прашање.
„Тоа е локална тема за која треба следниве денов и да се координираме со советниците на ВМРО или локалните структури н а ВМРО, каде ќе имаме средба, следниве денови сигурно ќе ги имаме и нашите ставови.“, вели Касами.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека не треба да се остават отворени овие прашања и не треба да има простор за табу теми.
Булеварот “Илирија“, улицата “Мехмет Паша Дерала“, улицата “Сами Фрашери“ и “Абдул Фрашери“ се користат само од општина Тетово во комуникација со граѓаните, а во документите на граѓаните кои живеат во тие населби, и натаму фигурираат имињата и важните датуми наследени од поранешна Југославија.
