Лет од Скопје кон Париз пренасочен кон Брисел по прогласена вонредна состојба

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Авион на „Wizz Air“ што утрово полетал од Скопје кон Париз не ја завршил рутата според планираното, откако за време на летот била прогласена вонредна состојба и леталото било пренасочено кон Брисел.

Според податоците на „Flight RouteXplorer“, станува збор за летот W64719, управуван од авион од типот „Airbus A321neo“. Вонредната состојба била пријавена околу два часа по полетувањето, додека авионот се наоѓал над воздушниот простор на Луксембург.

По донесената одлука, екипажот го прекинал летот кон француската престолнина и се упатил кон аеродромот „Шарлроа“ во Брисел, каде што авионот безбедно слетал околу 7:30 часот по универзално време.

Податоците на „Flightradar24“ исто така покажуваат дека леталото наместо во Париз слетало во Белгија.

Во моментов нема официјални информации за причините поради кои била прогласена вонредната состојба.