„Летал“ на автопат во Србија со 231 км на час, казнет со 1.000 евра и девет месеци без возачка

НАЈНОВИ ВЕСТИ

На автопатот Белград – Шид кај Земун, српската полиција сопрела возач кој „летал“ со 231 километри на час, а дозволено било 120.

Веднаш му била изречена казна од 120 илјади динари (1.000 евра), плус одземање на возачката дозвола во траење од девет месеци. Исто така на возачот му е изречена и казна за работа во јавен интерес од 240 часа.