Ноќеска започнува летното сметање на времето, односно стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час нанапред. Ова ќе се случи во 2 часот по полноќ, кога стрелките ќе се поместат на 3 часот.
Двапати годишно часовниците се менуваат за еден час и луѓето добиваат или губат по еден час дополнителен сон. Часовникот се менува од 1981 низ цела Европа.
Европската норма постојано ги утврдува датумите на започнување на летниот период, при што стрелките се поместуваат 60 минути напред, и за зимското време кога се движат 1 час назад. Од 2021 година треба да стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното преместување на часовникот, во земјите на Европската унија.
Предлогот беше одобрен од страна на Европскиот парламент, и сега секоја членка на Унијата ќе има можност да избере дали да остане во летното сметање или во зимското сметање на времето.
