Левица го блокира законот – за Косовците е, Зејди: Апасиев ги храни гласачите со национализам

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Левица и натаму го блокира законот за државјанство, оценувајќи дека е непотребен. На лидерот на оваа партија, Димитар Апасиев му пречи тоа што законот не предвидува признавање на македонскиот јазик како услов за добивање државјанство. Дури вели дека законот е предвиден со цел некои Косовци да добијат државјанство на Македонија и смета дека Заев со овој закон им се додворува на албанските партии.

Пратеникот Скендер Реџепи од опозициската АА-ААА со против одговор до Апасиев. Вели дека на една мала партија како што е Левица која не го ни прочитала законот, не и доликува да се храни себеси и малиот број гласачи со национализам.

Инаку законот за државјанство утре ќе се најде пред пратениците во Собрание. По ова прашање се произнесе и премиерот Зоран Заев кој објасни дека законот ја олеснува постапката за добивање државјанство.