„Левица“легнаа на црвениот тепих на „Манаки“: „Сме имале многу жанрови, а сега малку трилер и акција“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

„Сме имале многу жанрови на фестивалот, а еве имавме и малку трилер и акција“се пошегува директорот  Симеон Мони Дамевски на отварањето на  42-рото издание на  првиот и најстар  светски фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ во Битола. Активисти на Левица одржаа герила-акција, при што легнаа на црвениот тепих. Легнувајќи им порачаа на гостите слободно да газат и минуваат преку нив.

 „Како Битолчани навикнати сме веќе 30 години да нè газат без око да ни трепне“, велат од „Левица“.

Силниот ветер кој дуваше во Битола го навали филмското платно на свеченото отворање на Фестивалот за филмска камера „Браќа Манаки“, и тоа токму во моментот кога на сцената претседателот Стево Пендаровски му ја врачуваше Златната камера 300 за животно дело на австрискиот кинематограф Кристијан Бергер. Платното, кое е високо околу 15 метри, беше на неколку метри зад лауреатот и претседателот, а се искриви додека говореше Бергер. Вработените во техничката служба веднаш интервенираа и го стабилизираа платното, а програмата не беше прекината.

„Овогодинешното издание се разликува од претходното по тоа што не врнеше на првата вечер и тоа го увежбавме многу добро, не рачунавме на малку повеќе ветер, веќе денеска имаме дожд во Битола, се радуваме дека успеавме првото да го совладаме за в година ќе вежбаме и со ветрот.“, рече директорот Симеон Мони Дамевски.

Новото издание на ИФФК „Браќа Манаки“, чија програма годинава содржи 10 долгометражни и 10 кратки филмови, почна со музичкиот настап на Каролина Гочева, која, придружувана од Никола Мицевски на пијано, изведе неколку нумери од филмови.

-Имаме прекрасна програма наградувани филмови на сите светски фестивали, со ислучок на Оскар кој по наш избор оваа година го осавиваме затоа што филмовите кои сакавме да ги вклучиме веќе играа во нашата земја а според нашиот правилник треба да се премиери во нашата земја-вели Дамевски.

 Добитници на „Специјалната камера 300“ за особен придонес во филмската уметност се Андреј Кончаловски, руски волшебник на филмската магија, и Џослин Пук, една од најпознатите британски композиторки на филмска, театарска, телевизиска и концертна музика.Наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“ што ја доделува Друштвото на филмски професионалци (ДФРМ), пак, му беше врачена на актерот Северџан Бајрам.