Фрлената ракавица од страна на ВМРО-ДПМНЕ ја прифати шефот на државата Стево Пендаровски, па во првата половина од месец мај ќе се одежи и лидерска средба. Иако темата Избори нема да биде иницијатива за лидеската, сепак повеќе од сигурно е дека ќе се најде на дневен ред.
Второпрогласената вонредна состојба завршува на 16-ти мај, по што според партиски извори ќе може да зепочне и процес за подготовка на избори кои би се одржале на 28-ми јуни или 5-ти јули.
ДИК е подготвена да продолжи со изборните дејствија, но прво треба да се одреди кој ден ќе се одржат изборите, вели во разговор за Телма претседателот на Комисијата Оливер Деркоски. Тој го повика Уставниот суд да го поништи решението за одржување избори на 12-ти април и очекува спикерот Талат Џафери да ги распише за некој друг термин. За технички подготовки, кампања и ажурирање на Избирачкиот список, потребни се околу 50 дена.
Предвремените парламентарни избори беа закажани за 12-април, но поради прогласувањето на вонредната состојба поради панедмијата на коронавирусот истите беа одложени.
Инаку 2020 година е изборна година, а редовен термин за парламентарни избори е крајот на годината.
