Лидерските средби не дале резултат – Џафери: Опозициските партии блокирале 27 закони

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Иако премиерот Зоран Заев одржа средба со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и лидерите на албанската опозиција, Зијадин Села и Африм Гаши со цел деблокирање на Собранието, сепак, законодавниот дом останува под блокада. Собранискиот спикер, Талат Џафери на средба со новинари, рече дека поради амандманите на опозицијата блокирани се вкупно 27 закони.

-Кворум од минимум 61 пратеника не може да се толкува дека е обврска само на 61 пратеник на мнозинството. Парламентот одлучува дали има мнозинство без оглед дали е опозиција или власт. Значи, правата и обврските на пратениците се исти-рече Џафери.

ВМРО-ДПМНЕ блокираше 6 закони. Во меѓувреме, најави дека ќе формира неколку пратенички групи во Собрание, со цел, како што велат од партијата, да имаат поголеми механизми во работата на Собранието.

Но, за Џафери ова е неприфатливо. Смета дека нема основа за вакво нешто, додавајќи дека намерата на ВМРО-ДПМНЕ е уште еден обид за блокирање на Парламентот.

-Во Деловникот не постои можност за ова-вели Џафери.

Од СДСМ кон ова гледаат како најава за нов 27април.

И од коалицијата Алијанса за Албанците-Алтернатива, со став дека формирањето на пратеничките групи е начин за блокирање на Собранието и за одолговлекување на дебата за секој закон. Инаку, со нивните амандмани под блокада се вкупно 20 закони.

Како што вели Џафери и Левица блокира еден закон. Инаку, на 5 мај ќе бидат ставени на гласање неколку закони. Од опозицијата велат дека ќе присуствуваат, додека за 18-ти истиот месец, собранискиот спикер најави дека ќе свика нова седница.