„Лиферувањето со бројки има лоша намера“ – Селами: Пред изборна кампања сме и јасно е зошто се прави тоа

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пописот почна пред 10 дена и почнаа првите лиферувања со бројки врз етничка основа, кои ДСЗ ги гледа како лоша намера во процесот. Во напис на бугарскиот портал Фактор, екс конзулот на Бугарија во Чикаго, Иван Анчев напишал дека само 72 граѓани на Македонија до сега се декларирале како Бугари, а додава дека доколку во пописот само 1 илјада граѓани се декларираат дека се чувствуваат како Бугари, ова би ја лишило Софија од секаков аргумент за спорот со Скопје.

„Седумдесет и двајца! Со над 130.000 издадени бугарски пасоши за граѓани на Северна Македонија, тие ги добија заради “нивното бугарско потекло“. Уште повеќе, истите носители на пасошите (не можам да ги наречам Бугари) изјавиле на нотар дека имаат бугарски етнички идентитет, што значи можеби пополниле лажна изјава, која се коси со законот“.

Заменик директорот на ДЗС Илми Селами ја нарече манипулација секоја информација од овој тип каде се калкулира со бројки. Пописот се уште трае, вели тој, додавајќи дека откако процесот ќе заврши ќе бидат потребни уште 6 месеци за обработка на податоците до објавување на финалните податоци. Се што е надвор од ова, има лоша намера, вели тој.

Последните информации од ДЗС покажуваат дека до ввеча вкупно се попишале 618.120 граѓани, 191.939 домачинства и 257.099 домови, а можноста за  самопопишување на дијаспората до сега ја искористиле 192.827 лица.