Вечерва во Лигата на Европа се одиграа доста интересни натпревари во реванш 1/8 финалните дуели, каде најголемото изненадување го направи Динамо Загреб, кој што и покрај оние 2:0 од Лондон, победи во Загреб со истиот резултат, а потоа во продолженијата целосно го демолираше и елиминираше англискиот „гигант“ Тотенхем.
Оршиќ беше јунакот на мечот кој во вториот дел постигна два гола, анулирајќи ја предноста на противникот од првиот меч, а потоа во продолжението и трет, за очај на момците на Жозе Мурињо.
Елиминиран од Лигата на Европа е тимот на Милан, кој што на домашен терен беше поразен од Манчестер Јунајтед со 0:1. Стрелец на единствениот гол беше Погба, и по оние 1:1 во Англија, Јунајтед се пласираше во следната фаза.
Арсенал е вториот англиски претставник кој што оди во следната фаза, и покрај тоа што беше поразен од Олимпијакос со 0:1 на свој терен. Лондонскиот тим стигна до следната фаза благодарение на победата во Атина со 1:3.
Во 1/4 финалето се пласираше и Рома која го елиминираше Шахтјор, Ајакс кој и во вториот меч беше подобар од Јанг Бојс, потоа Гранада која го елиминираше Молде. Понатаму оди и Виљареал. Изненадување е победата на Славија Прага над шкотскиот тим Глазгов Ренџерс и тоа на гости, со што чешката екипа се пласираше меѓу најдобрите осум во Лигата на Европа.
