Лига на конференции: Шкупи го мина Лапи, Струга поразена од Лиеапаја, Силекс елиминиран со гол во 95. минута

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Само екипата на Шкупи ја спаси честа на мак-фудбалот со тоа што мина едно коло во Европа со вкупната победа од 3:1 над косовски Лапи во Лигата на конференции.

Чаирскиот тим имаше водство со голот на Адем во 78. минута, но по пет минути Лапи стигна до израмнување, и тоа беше се што успеа да направи. Благодарение на триумфот од првиот меч од 2:0, Шкупи отиде во следната фаза.

Тимот на Струга Трим Лум загуби на домашен терен од летонска Лиеапаја со 1:4. Укпа во финишот од првиот дел донесе водство, а потоа Додо со два гола зголеми на 0:3. Скендери во 57. минута намали на 1:3, а Карклинс во 62. минута ги постави конечните 1:4. Летонската екипа со вкупни 2:5 оди во следната фаза.

Силекс имаше „реми“ и продолженија во џеб, се до 95. минута кога прими гол од Петрокуб. Платика погоди во последните секунди од мечот, за победа на Петрокуб. Првиот меч заврши 1:1.