Лига на Нации: Македонија губеше 3:1, па стигна до бод против Естонија во Талин

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Македонската репрезентација одигра 3:3 во дуелот против Естонија во 3. коло од Лигата на Нации. Ова е добар резултат со оглед на тоа дека Естонците во еден момент имаа водство од 3:1.

Македонија дојде до водство уште во 3. минута по комичниот автогол на Естонците. Меѓутоа во 33. минута преку Сапинен, Естонија дојде до израмнување.

Во вториот дел Сапинен во 61. минута успеа да израмни. Следуваше пенал за Македонија кој Трајковски не го реализираше и ја погоди пречката.

На спротивната страна пенал за Естонија преку кој Ливак донесе водство од 3:1. Во 80. минута нововлезениот Горан Пандев успеа да намали, за осум минути подоцна дефанзивецот Зајков погоди и донесе израмнување, и бод за Македонија.

Селекторот Игор Ангеловски по мечот истакна:

„Не сум задоволен, затоа што сметам дека моравме да победиме тука со оглед на квалитетот. Задоволен сум од играта само во последните 30 минути кога дојдовме до бод. Морав да им дадам шанса на другите играчи, затоа што останатите беа изморени од тешкиот и исцрпувачки меч со Косово“, изјави Ангеловски.