Приведен велешанец кој предизвикал пожар со палење сува трева

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Педесет и деветгодишен велешанец е лишен од слобода откако запалил сува трева и отпаден шут во дворот, при што предизвикал пожар кој се проширил на околниот рид.

Од СВР Велес информираат дека на 16 септември во 13:10 часот полициски службеници го лишиле од слобода Т.Т. (59) од Велес.

Според пријавеното, тој во дворот запалил сува трева и отпаден шут, по што настанал пожар кој се проширил на ридот во близина и зафатил сува трева.

Во пожарот нема повредени лица. Интервенирала Територијалната противпожарна единица Велес, која го изгаснала пожарот.

За случајот бил известен јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес. Против 59-годишниот велешанец ќе следува соодветна пријава.