Велите јавно дека има милионери во ДУИ? Ве прашувам дали тоа го велите јавно? Дали има милионери во ДУИ?
Да има, како нема. Има многу.
Колку е тоа многу? 10? 5? 20?
Околу 80%.
Главна цел зошто ДУИ сака да остане на власт под секоја цена се личните придобивки од кои станале милионери – изјави вчера во Клик Плус, Фатмир Лимани од Движење Беса кој покрена обвинувања за стекнатиот имот на функционерите на ДУИ. Според него, дури и нивните шофери станале милионери.
ФАТМИР ЛИМАНИ, ДВИЖЕЊЕ БЕСА
„Од каде е сето тоа богатство. Од каде сите тие пари. Знаеме кои беа до вчера. Знаеме во какви услови сме живееле и во период од 20 години со плати од 1000-700 евра направија милиони? Од каде? Дали сте слушнале шофер да има куќа вредна милион? Логично дали може да има? Доколку куќата чини 500-600 илјади евра, тогаш тој треба да биде милионер. Како тоа може да го направи некој со 600 евра кога е сиромашен“, вели Лимани.
Во врска со овие тврдења Лимани вели дека тие ќе ги документира и со видеа. Тој исто така ја обвини ДУИ дека ја заборавила својата генезата, а актуелната ДУИ нема никаква врска со убедувањата и целите на почетната структура. Како резултат на тоа, според него, над 200 војници преминале кај Движењето Беса.
„Јас имав средби со војниците, веднаш штом излегов и преминав кај Движење Беса. Имаше иницијатива да се сретнам со 50 војници. Знаете колку дојдоа? Над 220. Јас мислев дека нема да дојдат ниту 50! Се поставува прашањето зошто 220, 230 војници? Која е причината поради која и тие преминаа во Движење Беса“, рече Лимани.
Лимани нагласи и дека се деградирани главните фигури на ОНА кои биле дел од првичната структура на ДУИ а веќе не се, како Садула Дураку, Хазби Лика, Фазли Велиу и Муса Џафери.
