ТВ21: Дали победи Еркан Арифи или ДУИ во Липково?
„Победија жителите на општина Липково, победи ДУИ и победи Еркан Арифи“, истакна Еркан Арифи.
И како што е традиција, со зурли и тапани жителите на Липково ја прославија победата на Арифи. Липково, и лидерот на ДУИ, Али Ахмети на прес конференција го спомна најпрво, дека таму победиле во прв круг. Во вкупно 36 гласачки места во Липково, гласале 9763 гласачи, со што 7087 гласа или 72% од жителите гласале за Арифи.
- Еркан Арифи, ДУИ – 7.087 гласа
- Арсим Идризи, АА-ААА – 1.664 гласа
- Евзи Јашари, ДПА – 189 гласа
- Љуан Рамадани, Беса – 544 гласа
Општина Куманово нема победник во првиот круг, затоа оди во втор круг. Од вкупно 5 кандидати за градоначалник, двајцата екс сопартијци Оливер Илиевски и Максим Димитриевски ги делат само неколку гласа. Димитриевски како независен кандидат е со 22 гласа пред Иливески кој е кандидат на СДСМ.
- Теодора Димитровска, ДОМ – 1.028 гласа
- Беким Салиу, АА-ААА – 4.257 гласа
- Тони Михајловски, ВМРО-ДПМНЕ – 8.582 гласа
- Оливер Илиевски, СДСМ – 15.142 гласа
- Максим Димитриевски, – 15. 164 гласа
Во Општина Куманово на изборите учествувале 49.21% односно во бројки гласале 46.249 граѓани, додека вкупниот број на неважечки ливчиња е 2.076.
