Депонијата за отпад во Липково, од која се шири чад и постојано загадување, станува сериозен здравствен ризик за жителите на општина Липково и пошироко. Запрашан за ова, министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, рече дека без разлика чии се надлежностите ќе им излезат на помош на општина Липково за отстранувањето на дивите депонии.
-Независно чија е надлежноста, ќе им помогнеме и на општина Липково и на граѓаните на Липково со дивите депонии, а што се однесува до регионалните депонии беа блокирани, два кредити, едниот од ЕБОР, а другиот од Европската инвестициска банка, затоа што во минатото беше поважно кој ги водел општините, дали се од редовите на нивните партии или нем за нас најважни се граѓаните, затоа има доста голем прогрес што се однесува до дали тие се многу инфраструктурни проекти, на подземната инфраструктура преку Европската инвестициска банка, изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.
Пред неколку дена жителите се пожалија дека има луѓе кои дури и заминуваат од селото поради оваа депонија.
-Знаеш што значи 40 степени, не можеме да спиеме, на 40 степени не можеме да ги отвориме прозорите бидејќи ќе се отруеме. Има лица со асма, заминуваат од селото бидејќи ветрот ја носи миризбата горе. Општина Липково дава, никој друг. Општинските работници. Општината знае бидејќи треба секој ден да го носи багерот за да чисти. Ги имаме видено, тие ги фралт господине, сме ги виделе со наши очи, вели граѓанин.
Новинар: Општина Липково ги фрла таму, но кој го пали отпадот?
Граѓанин: 99% тие го прават.
Новинар: Дали често се пали оваа депонија?
Граѓанин: Никогаш не престанува, 99% од времето е запалена.
Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, во септември минатата година изјави дека од 2018 година се планираше де се изгради фабрика за рециклирање, но оваа идеја остана во заборав.
Додека властите не најдат решение, жителите кои живеат во околина ќе продлжат да вдишат загаден воздух секој ден.
