Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин Меѓународен аеродром Скопје денеска (08.06.2026) во 11:30 часот го лишија од слобода Р.З. (26) од Тетово, поради сомнение за кривично дело ,,разбојништво” по член 237 од Кривичниот законик.
Имено, претходно во текот на ноќта, во 02:00 часот во СВР Тетово, вработениот Г.С.(38) од Тетово пријави дека во спортска обложувалница во Тетово, едно лице со закана со остар предмет одзело пари од дневниот промет.
По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
