Маслото за јадење е поскапо за 20 отсто, односно за еден литар граѓаните треба да платат околу 100 денари. ТВ21 посети еден скопски маркет. Цената се движи од 95 и достигнува 113 денари.
Граѓаните велат дека стандардот на живеење е понизок, а цените на производите секој ден се зголемуваат.
Професорката по економија, Илире Даути, вчера во Клик Плус, изјави дека се поскапени сите цени на производи во време кога граѓаните се соочуваат со големи загуби поради корона кризата.
„Маслото за 3,5% е зголемено, значи од 60-70 сега е 100 денари. овошјето за 2.1%, пијалоците за 1%, шеќерот за 0.8%, овошјето и зеленчукот за 0.4%. Граѓаните со сите тешкотии и други нешта и ги изгубија работни места кое им беа единствен извор за егзистенција. Од друга страна се соочуваат со зголемување на цените“, истакна Илире Даути, професорка по економија.
Министерот за економија, Крешник Бектеши призна дека има значително зголемување на цената за масло за јадење, но тоа е поради увозот на сончоглед. Додаде дека прават анализи за намалување на цената на домашните производи, а за производите кои се увезени не може да се интервенира.
„Што се однесува до маслото, тоа е проблем во врска со цената на репроматеријалите и сончогледот, нерафинирани суровини кои се увезуваат од Србија и Бугарија и имаме значително зголемување. Правиме анализи за да интервенираме како држава бидејќи имаме и домашни производители, но што се однесува до увозот на сончогледот, не можеме да интервенираме бидејќи цената се определува на берза, но може да интервенира со државните резерви“, посочи Крешник Бектеши, министер за економија.
Но, не само прехранбените производи. За краток временски период видно се зголемени и цените на нафтените деривати. Од вчера по полноќ за половина денар е поскапен Еуросупер БС-95, дизел и екстра лесното масло за домаќинство. Зголемувањето на цената на нафтените деривати според властите е поради зголемувањето на цената на деривати во светските берзи последните 7 дена. Инаку цената на нафтени деривати се менува секој понеделник.
