Локализиран пожарот во резиденцијата на хрватскиот амбасадор во Белград, нема повредени

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Пожарникари во Белград го локализирале пожарот што околу 14 часот избувнал во резиденцијата на хрватскиот амбасадор во населбата Сењак.

Во интервенцијата учествуваа 21 пожарникар со шест противпожарни возила.

Министерството за внатрешни работи потврди дека во пожарот нема повредени.

Амбасадорот Хидајет Бишчевиќ потврди дека во резиденцијата во моментот на пожарот немало никој.