Локализиран шумскиот пожар кај Лешани во Општина Дебрца

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Шумски пожар попладнево зафати нискостеблеста шума во атарот над селото Лешани во Општина Дебрца.

Градоначалникот на Дебрца, Зоран Ногачески, преку својот фејсбук-профил соопшти дека благодарение на навремена интервенција на месното население, Територијалната противпожарна единица од Охрид и на Шумското стопанство „Галичица“ пожарот е локализиран.

Тој преку социјалните мрежи упати апел до населението на крајна внимателност.