Лондон под опсада: Евакуиран аеродром, пронајден сомнителен пакет пред американската амбасада, радиоактивен отпад…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лондонскиот аеродром Гетвик, наводно, е евакуиран, а на патниците им било кажано да „излезат веднаш и да стојат настрана“ додека полицајците го истражуваат безбедносниот инцидент.

Полицијата и безбедносните служби се на терен, и се справуваат со инцидентот. На патниците им бил забранет влез.

Аеродромот соопшти дека евакуацијата била „мерка на претпазливост“.

Компанијата „Gatwick Express“, која нуди брз превоз меѓу аеродромот и центарот на Лондон, објави дека нејзините возови не сообраќаат до аеродромот.

Претходно два големи инциденти се случија во Лондон. Едниот бил пред амбасадата на САД каде што бил пронајден сомнителен пакет, по што полицијата извршила контрола. Амбасадата накратко била затворена.

Друг инцидент што го потресе Лондон денес беше отпад, за кој се верува дека е радиоактивен , пронајден во вреќи со ѓубре во близина на основно училиште во Хамерсмит.

Специјалистичка единица ја блокирала улицата и ги евакуирала жителите од околните домови предупредувајќи ги да не влегуваат на улица додека не се смири ситуацијата, а еден сосед рекол дека не може да се врати дома после работа бидејќи улицата е блокирана.