Најмалку 20 лица се повредени откако возило се заби во толпа луѓе на улица во Лос Анџелес.
Противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD) објави дека има „неколку повредени“ на местото на несреќата на булеварот Санта Моника, во близина на Холивуд, а исто така беше објавено дека „непознато возило“ удрило во толпа луѓе, објавува „Американ Сан“.
Беше објавено дека најмалку пет лица се во критична состојба, осум до десет се во сериозна состојба, а околу дванаесет се здобиле со полесни повреди.
