Најмалку три лица загинаа денес во експлозија во тренинг центарот на шерифската канцеларија на округот Лос Анџелес, објави државниот обвинител Пам Бонди.
„Тукушто разговарав со обвинителот Бил Есаили за ужасниот инцидент во тренинг центарот на шерифската канцеларија на округот Лос Анџелес, во кој загинаа најмалку три лица. Нашите федерални агенти се на местото на настанот. Истрагата е во тек“, објави Бонди на платформата X, пренесува CNN.
Експлозијата се случила утрово околу 07:30 часот по локално време во тренинг центарот Бискаилуз на шерифската канцеларија на округот Лос Анџелес, каде што се стационирани членови на специјалните единици за спроведување на законот и единицата за деминирање на шерифот, потврди за CNN неименуван висок полициски службеник запознаен со инцидентот.
