Лошата миризба се чувствува далеку – повторно остатоци од курбаните фрлени покрај улица

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Ова се остатоците од курбаните кои се фрлени на улиците. Депонијата  се наоѓа на патот кој води до психијатриската болница Бардовци.

Веќе долго време има депонија , но лошата миризба од остатоците на курбаните ги вознемири жителите на оваа населба.

ТВ21 стапи во контакт со Комунална хигиена, од таму велат дека се изненадени што граѓаните повторно го фрлија отпадот од Курбаните во депонијата иако поставиле 17 специјални контејнери за оваа намена.

Овој дел спаѓа во Општина Карпош. Контактиравме и со општина Карпош, од таму за ТВ21 изјавија дека тој дел го исчистиле неколку пати, но повторно таму се фрла отпад. Оттаму рекоа дека местото е приватен имот и ќе побараат од сопственикот да го загради местото.

„Во неколку наврати Општина Карпош ја чистеше посочената депонија, која е на приватен имот кај поранешна „Агромеханика“. Исто така, испративме известувања до сопственикот на имотот, да го огради тој простор со цел да се спречи создавање на нови депонии. Локалната самоуправа повторно ќе контактира со сопствениците на имотот со цел да се исчисти отпадот и да се заштити околината“, велат од Општина Карпош.

Од Комунална хигиена велат дека во текот на денешниот ден ќе се исчистат отпадот од курбаните а во сабота ќе организираат и чистење на целата депонија.