Луда фудбалска приказна: Сакал да се откаже од фудбал и да работи на црно, а сега оди во еден од најдобрите светски клубови

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Фудбалерот на Рен, Артур Теате имал прилично бурна кариера. Тој сакал да се откаже од фудбалот и да работи друга професија, а сега може да стане најскапиот белгиски одбранбен фудбалер.

23-годишниот играч од одбраната се поврзува со трансфер во Ливерпул, а малку кој знае дека пред три години овој фудбалер сакал да се откаже, откако бил отпуштен од Стандард Лиеж.

Без клуб и со малку пари, Теате мислел да работи на црно во градежништвото, откако бил одбиен од четвртолигаш во Белгија. Меѓутоа последните пари ги дал за сопствен тренер, а неговата одлуката се исплатела кога потпишал за Остенде откако бил на проба една недела.

После една сезона во белгискиот тим, се преселил во Болоња, каде што станал клучен одбранбен фудбалер, а во 2022 година бил купен од страна на Рен за 19 милиони фунти.

Ливерпул веќе еднаш се обидел да го доведе летоска, но откако не успеал, сега Клоп повторно ќе проба, со оглед дека има проблеми во одбраната по повредата на Жоел Матип, како и фактот дека му истекува договорот на лето.