Лудило во Шпанија: Голман постигна гол во последните секунди и донесе бод за својата екипа (ВИДЕО)

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Тимот на Севиља, иако важеше за голем фаворит во дуелот со Ваљадолид, сепак, успеа да дојде само до бод, и тоа благодарение на голот на својот голман Јасин Боно.

Севиља имаше негатива до 95. минута, а потоа Боно се уфрли во нападот, па по еден изведен корнер и мешаница, успешно стрелаше во голот на противникот за израмнување.

Ретки се случаите кога голманите стрелаат, но често и тие се уфрлаат во нападот доколку нивниот тим го нема посакуваниот резултат, за да им помогне на своите соиграчи, што во овој случај се покажа како успешно.