Лука Модриќ го прослави својот 41. роденден со семејството, а дел од прославата го сподели со своите следбеници на Инстаграм.

Тој објави ретка фотографија со својата мајка и татко, на која насмеан позира со родителите и роденденската торта.
Хрватскиот фудбалер ретко споделува вакви семејни моменти на социјалните мрежи. Фотографијата со родителите ја придружи со емотикони со црвени срца и склопени раце.
Модриќ низ годините многупати зборувал за своето детство и семејството, кои биле покрај него од тешките години до најголемите успеси во неговата фудбалска кариера.
Токму затоа фотографијата со неговите родители, кои ретко се појавуваат во неговите објави, привлече големо внимание кај неговите следбеници.
На фотографијата се гледа и тортата со која Модриќ го прославил својот 41. роденден. Станува збор за мала чоколадна торта украсена со малини и црвени свеќички во форма на бројот 41.
Слични торти се појавуваат на фотографиите од неговите роденденски прослави веќе трета година по ред, а нивната скромна големина и претходно ги забавувала неговите фанови.
