Лукаревска: Продолжуваме да градиме општество според социјалдемократските вредности – праведно, правично и хумано

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новата заменичка на Зоран Заев во СДСМ, Сања Лукаревска вели дека ќе продолжат со градење на општество според социјалдемократските вредности.

„Навистина е чест да се биде Заменик претседателка на #СДСМ, партијата во која пораснав, со која се изборивме да ги вратиме слободата во државата и достоинството на граѓаните. На овие темели го трасиравме патот за #напредок и докажавме дека #можеме уште повеќе. Останавме верни на нашите вредности дури и во време на најголемата светска криза во поновата историја. Поддршката за граѓаните секогаш беше и ќе остане наш приоритет“, напиша Луакревска на социјалната мрежа Фејсбук.

Таа вчера беше избрана за заменик-претседател на СДСМ на 26. конгрес, откако претходно Радмила Шекеринска најави дека нема да се кандидира повеќе за таа позиција.