Лукаревска: Тече исплатата на МојДДВ – вкупно реализиран поврат од 6 милиони евра

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорката на Управата за јавни проходи Сања Лукаревска на својот Фејсбук профил известува дека тече исплатата на МојДДВ кај граѓаните.

„Доколку сте внеле погрешна трансакциска сметка, коригирајте и очекувајте исплата на поврат на вашите сметки!“, пишува таа.

Лукаревска додава дека за првиот и вториот квартал, вкупната исплата на трансакциските сметки кај граѓаните е близу шест милиони евра.